Утрински Весник
Свет

Судри на возови во Германија, има повредени лица

Voz Germanija.jpg

На пругата меѓу Ксантен и Дуисбург, на западот на Германија, денеска, регионален воз удри во паркиран товарен воз, при што се повредени 13 лица, од кои тројца потешко, пренесува Шпигел.

Според портпаролот на Федералната полиција, околу 7.30 часот регионалниот воз удрил во страната на паркиран товарен воз.

Полицијата испрати спасувачки хеликоптер на местото на несреќата.

Регионалниот воз, во кој имало 30-ина луѓе, за време на возењето испаднал на соседната пруга и затоа удрил во локомотивата на товарниот воз што бил паркиран таму, изјави портпаролот на полицијата.

По несреќата, и двата воза останале на шините.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа