Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне повремен пороен дожд

Vreme 1.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема попладне кога ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на релативно топло време. Денеска и утре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи. Од четврток времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата.

Можете да прочитате

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите