Утрински Весник
Македонија

НАЈНОВА ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Следува “Мини Лето” во Македонија – Температурата ќе надмине 30 степени!

Ecm1 120.gif
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во периодот кој што ни следува, односно новата седмица ни носи “Мини Лето”, па така температурите, како наутро, така и преку ден ќе бидат во значителен пораст, а особено топло ќе биде преку ден кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе надминат  и 25 степени.

Во вториот дел од седмицата и за време на следниот викенд во погоре споменатите предели температурите се очекува да надминат  и 30 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди. Исклучок ќе биде денот вторник и тоа во попладневните  и во вечерните часови  кога во западните предели ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Локални врнежи се очекуваат и во среда, а потоа од четврток ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.

Да напоменам, промената на времето која се очекува во вторник попладне, како и во среда, нема да биде многу голема  и ќе биде краткотрајна. Што значи дека пред нас е период на многу потопло време, во кое секако дека ќе можеме да уживаме.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман