Утрински Весник
Македонија

Митева: Состојбата во односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДС 

Mari A Miteva 20.09.2024.jpg

„Ситуацијата не е настаната од вчера за денес. Не зборуваме ние за состојба која била совршена до вчера, а од денес не е совршена. Зборуваме за причинско последични состојби и дека состојбата во која сме дојдени е резултат на погрешно превземани политики на СДС”, истакна портпаролката, пратеничка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. 

Митева продолжи и додаде: 

„Во делот на тоа што се случува помеѓу Бугарија и Македонија е состојба која ја предизвика СДС со погрешните политики”, вели Митева Митева истакна дека состојбите кои ги креира СДС се тотално погрешни. 

„Состојбите кои ги креира СДС од позиција на опозиција се тотално погрешни и користите политика за дневно политички поени без никаква суштина”, кажа Митева.

Митева истакна дека за разлика лд СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветена. 

„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветено и ќе ја оправда довербата која на 8-ми мај ја доби од граѓаните”, заклучи Митева.

Можете да прочитате

Мицкоски: Темата за населување на мигранти е измислена од СДС

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, темата е измислена од СДСМ за да ги скријат внатрешните проблеми

Лице од Кичево излетал од патот со возилото кое го управувал, бил под дејство на алкохол