Утрински Весник
Економија

Годишна конференција на Македонска берза

20240918165934 Big 730x400 27.webp.webp

Во Охрид денеска и утре ќе биде одржана 23-та Годишна конференција на Македонска берза.

Како што најавија од Македонска берза, на Годишната конференција ќе учествуваат претставици на финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн.

Ќе има и учесници од странство, особено од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриeска Кочоска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот и извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.

Годинашната програма на конференцијата вклучува повеќе теми, како улогата на домашните институционални инвеститори, регионалните случувања на пазарите на капитал во Југоисточна Европа, идните трендови на глобалните пазари, законската рамка за македонскиот пазар на капитал, стратегиите за семејно наследство, компаниите и берзата, како и иницијативи за поддршка на родовата еднаквост.

Можете да прочитате

Поскапува дизелот-Ова се новите цени на горивата

Гувернерот Славески се сретна со Бранко Азески

Дурмиши: Објавени два јавни повици од мерките за самовработување