Бруклин Нетс ќе го повлечат од употреба дресот со број 15 во чест на Винс Картер.
Во Њу Џерси помеѓу Нетси пристигна во 2004 година и дресот со број 15 го носеше се до 2009 година. Заедно со Џејсон Кид е еден од најдобрите играчи во модерната историја на Нетси, а ќе остане запаметен по неговите спектакларни забивања.
Покрај Нетси играше уште за: Торонто, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.
Церемонијата за повлекување на дресот ќе се одржи на 25 јануаро во „Барклејс“ арената кога Бруклин ќе игра против Мајами.