Утрински Весник
Македонија

Мицкоски не одел со план за Брисел, туку да ја пренел болката на македонскиот народ

Mickoski Aerodrom.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека главната цел на неговата посета на Брисел не е презентација на план, туку пренесување на длабоката фрустрација на македонскиот народ. Изјавата доаѓа непосредно пред заминувањето за Брисел, каде што Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ќе се сретнат со претставници на Европската унија за да разговараат за уставните измени и правното толкување на заклучоците на Европскиот совет.

Во изјавата, премиерот нагласи дека Македонија се соочува со огромен предизвик, бидејќи според заклучоците, земјата нема да продолжи во втората фаза од преговорите за членство без измена на Уставот за впишување на бугарската заедница.

Дополнително, Мицкоски истакна дека во Брисел ќе го отвори прашањето за потребата од избегнување на билатерални прашања во рамките на институциите на ЕУ, што го смета за важен аспект во идните преговори.

Можете да прочитате

Од петок „Оne stop shop” на Табановце –Ќе се намали гужвата на границите

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка