Утрински Весник
Македонија

Сиљановска излажа или кабинетот ниту ја информира ниту ја подготвува? Јавно кажа дека не ја слушнала изјавата на Мицкоски за скандалот со знамето

Davkova2.jpg

Не престануваат шоковите од скандалот со македонското знаме за време на посетата на Сиљановска Давкова на Софија.

Вчера македонската претседателка одново шокираше кога зборуваше за нејзината посета. 

За време на нејзиното гостување на една национална телевизија, новинарот домаќин професионално и учтиво ѝ укажа дека нејзината изјава за средбата со Радев се разликува од изјавата на премиерот:

Водителот: „Беа позитивни вашите заклучоци по средбата. Можеше да ги слушне целата македонска јавност. Меѓутоа, денеска слушаме една поинаква изјава од премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека…“

Сиљановска Давкова: „Не сум ја чула.“ 

Претседателката вчера се појави на гостување на најгледаната македонска ТВ, на „тема на денот“, а не ја слушнала изјавата на премиерот која беше една од вестите на денот, не само кај нас, туку и во Бугарија.

За неверување е како е возможно претседателката да дојде на „тема на денот“ без да биде елементарно информирана од нејзините советници и нејзиниот кабинет.

Оттука, се поставува прашањето дали Сиљановска излажа дека не ја слушнала изјавата на Мицкоски или нејзиниот кабинет навистина ниту ја информира ниту ја подготвува за медиумски настапи?

Дополнително, ако навистина не ја чула изјавата на премиерот, тоа е израз на непочитување не само на владата и државата, туку и на целокупната јавност и уште еден показател за капацитетноста на Давкова да ја извршува функцијата претседател на државата. 

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер