Утрински Весник
Македонија

Загина прегазен пешак загина на кружен тек во Тетово

Policija Nokje.jpg

Во Тетово во сообраќајна несреќа која се случи на вториот кружен тек на влезот во градот петнаесетина минути по пладне, животот го загуби 61-годишен пешак од Теарце.

Според информациите на СВР Тетово, 61-годишниот пешак од тетовско Теарце бил удрен од возило управувано од 25-годишен возач од Камењане.

Во 12:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(25) од тетовско Камењане, удрило во пешак Р.Р. (61) од Теарце, кој од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Сомнежи за нелегален ископ во каменоломот меѓу Пагаруша и Вртекци – Левица бара увид и инспекциски надзор на терен

Трагедија во Хрватска: Загина возач на камион од Македонија

ДУИ: Изет Меџити е промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Албанците