Утрински Весник
Македонија

Стојаноски: Заемот од Унгарија ќе биде искористен за инфраструктурни проекти во општините од 250 милиони евра и 250 милиони евра за евтини кредити кон стопанството

Bo An Sto Anoski 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„Очекував да се пријави за збор Венко Филипче бидејќи тој ја држеше прес конференцијата и да ги каже сите детали кои што ги соопшти на прес конференцијата но никогаш ни не дошол да дискутира во Собранието и тоа бегање приличи на вашето однесување. Останува да се демантираат неколку теми и да се објасни која е реалната суштина за која овој заем ќе служи. Економијата е една од клучните теми за која СДС беше катастрофално поразена. Транспарентно е донесен бидејќи е усвоен на влада и сега ќе се усвои во собранието” кажа Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ  на седницата за законското решение за заемот од Унгарија и додаде:

„Овој заем доминантно ќе биде искористен за две цели. Прво за финансирање на инфраструктурни проекти во општините во износ од 250 милиони евра а второ за финансирање на кредити на евтини кредити кон стопанството од 250 милиони евра” рече Стојаноски.

Стојаноски потенцира дека општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.

„За финансирање на инфраструктурни проекти по она што го соопшти министерот за Локална самоуправа, 80 општини за 357 апликативни формулари имаат поднесено за финансирање на проекти. Тоа значи дека за 6 дена ќе заврши процесот на евалуација на тие проекти и тие проекти кои што ќе бидат избрани со ресорните министерства во договор со општините таквите средства веднаш ќе бидат префрлени на наменски сметки во општините” истакна Стојаноски.

Можете да прочитате

„Кртовите“ ќе одговараат како глувци, вели Мицкоски

Обезбеден и последниот осомничен од предметот „Планина“ за групата од Грчец

ОЈО ГОКК ќе ја испитува секоја индиција во предметот „Бункер“