Утрински Весник
Магазин

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе

20240917073924 Big 730x400 40.webp.webp

Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавија федералните власти, јави Би-Би-Си.

Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека верува оти познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со низа обвинувања, од сексуален напад до малтретирање, вклучувајќи ги и оние од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој негираше се за што беше обвинет.

Можете да прочитате

Како да изберете најдобро место во авионот за комфорен лет

Дали интелигентните луѓе пијат повеќе алкохол?

Како да ги перете патиките и други видови обувки во машина без да ги оштетите?!