Синоќа пред полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа кај Неготино, на патот кон Штип, во која две лица на возраст од 18 и 27 години биле донесени во Ургентната единица во Општата болница во Велес. Помладото момче било од Дреново, а пак повозрасното од Кавадарци.
Поради тежината на повредите тие биле транспортирани во Ургентен центар Скопје.
Веста за повредените лица на кои им била укажана итна медицинска помош, по што биле префрлени на скопските клиники, за ,,Фокус” ја потврди Марина Андова, портпаролка на велешката болница.
Извор: Фокус