Утрински Весник
Спорт

Нејмар ги предупредил Бразилците во Реал: Пазете се од Мбапе тој е лош човек

Untitled 2 1.jpg

Нејмар, во моментов фудбалер на Ал Хилал, гои предупредил сонародниците во Реал Мадрид, дека Килијан Мбапе, како соиграч може да биде проблематичен. Бразилецот и Мабпе беа соиграчи на 126 натпревари во ПСЖ, во периодот од 2017 до 2023 година.

Нејмар и Мбапе никогаш не бил во добри односи, во септември 2022 година францускиот репрезентативец во едно интервју призна дека неговиот однос со Нејмар во ПСЖ бил „жежок и ладен“.

Новинарот Сирил Хануна, Нејмар ги контактирал Бразилците од Реал (Винисиус, Родриго, Едер Милитиа) и ги предупредил за Мбапе.

За Европа 1, Хануна рече: „Бразилците во Реал Мадрид се пријатели со Нејмар. Секогаш имаше „војна“ помеѓу Нејмар и Мбапе. Нејмар им испрати порака на Бразилците за Мбапе, велејќи им дека е како човек е катастрофа, дека е пекол“.

Килијан Мабапе, по завршувањето на Европското првенство, како слободен играч од ПСЖ се пресели во Реал.

Францускиот ас во Ла Лига во првите пет рунди постигна три гола (два од пенал), но Реал не игра добро. Медиумите пишуваат дека атмосферата во тимот не е добра. Нездоволството не го крие Родриго, кој во саботата дуелот со Реал Сосиедад го започна од клупата за резерви.

„Се чини дека Родриго станува нервозен, а главна причина за тоа е Мбапе“, пишува „Лекип“.

Интерес за Бразиелцот во летниот преоден рок покажа Манчестер сити, но тој реши да остане во Реал.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо