Утрински Весник
Македонија

„Ејџијан ерлајнс“ го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември

20240915143447 Big 730x400 56.webp.webp

Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летови меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.

Ејџијан ерлајнс, стои во објавата, првично планираше да ја опслужува линијата три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари. Потоа планираше летови до 7 декември, со ограничена работа за време на празничниот период од крајот на декември до почетокот на јануари, но сега ги отстрани сите летови од крајот на ноември.

Продажбата на билети на линијата за летната сезона во 2025 година исто така е прекината.

На крајот на август „Екс Ју авијација“ објави дека „Ејџијан Ерлајнс“  во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје и ќе ја опслужува четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона. Линијата Скопје-Атина, по десетгодишен прекин, профункционира од ноември 2018 година. 

Можете да прочитате

Давкова ги видела двете бугарски знамиња и се мислела што да направи: Решив да не правам скандал

Ограбена обложувалница во скопско Влае

Средба на Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вал