Утрински Весник
Македонија

Државна комисија: Потег на Владата предизвикува сомнежи, новите законски измени или партиска контрола?

Img 5724.png

Државна комисија за одлучување во управна постапка  и постапка од работен однос во втор степен реагира јавно на намерата на Владата да ја укине, нарекувајќи го новопредложените законски измени по скратена постапка –  нелогични, правно неиздржани и штетни за работата на Државната комисија. Како можна причина за овој потег на Владата тие ја посочуваат намерата да се прекине актуелниот мандатот на постојните членови на двете комисии (од прв и од втор степен) бидејќи имало навестувањата дека  веќе е “ скроен “ новиот состав на Државната комисија по терк на парламентарното мнозинство.

Со ова соопштение би сакале да ја информирамепошироката јавност во врска со предоженот Закон запрестанување на важењето на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен одобласта на инспекцискиот надзор и прекршочнатапостапка и Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија заодлучување во управна постапка и постапка одработен однос во втор степен, чие донесување сепредлага во скратена постапка, по предлог на групапратеници на ВМРО ДПМНЕ.
 
Со овие законски измени практично се предлагаукинување на постоењето на Комисијата заодлучување во втор степен во областа наинспекцискиот надзор и прекршочната постапка и пренесување на нејзините ингеренции на Комисијатаза одлучување во управна постапка и постапка одработен однос во втор степен, заедно со ситевработени, инвентар, предмети и средства за работа.
 
Иако со погоренаведените предложени законскиизмени најмногу е засегната работата на Државнатакомисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за текстотна вака предложените законски измени Државнатакомисијата дозна по поднесување на Предлозите одгрупа пратеници до Собранието на РСМ. Како органне сме биле поканети да учествуваме, не смеучествувале ниту пак сме биле консултирани во текотна изработката на предлог законскиот текст наизмените. Бидејќи законските измени се предлагаатво скратена постапка истите не беа објавени ниту наЕНЕР (Електронски национален регистар напрописи) како би можела стручната јавност, правнитеексперти и засегнатите страни со истите да изнесатсвои забелешки и да предложат решенија.  Какорезултат на таинственоста на изготвувањето напредлог законските измени, отсуството на поширокадебата за потребата на истото, консултации и анализана стручната јавност, се предлагаат законски изменикои се нелогични, правно неиздржани и кои штетноќе се одразат на работата на Државната комисија.
 
Фузирање на два самостојни државни органи неможе да биде извршено без темелна анализа и консултација со официјални лица од двата органи коиби изготвиле соодветен план и програма за истото. Преземањето на потребните дејствија кои сенеопходно потребни за да се  изврши подготовка водвата органи за да може да се постапи позадолженијата за превземање на вработени, инвентар, предмети и средства бара подолг временки период вокој би се изготвила соодветна внатрешнаорганизација и систематизација на работните места, врз основа на степенот на образование, стручнаподготовка, квалификации и работно искуство какона постојно вработените лица, така и на вработенитекои согласно Законот треба да се превземат. Комисијата како орган кој согласно предложенитезаконски имени треба да ги превземе вработенитенема никаков увид и податок за колкав број навработени станува збор, кои се нивнитеквалификации, каков степен на нивната стручнаподготовка и образование имаат, како и за нивнотоработно искуство.  

Дури по анализа за погоре наведените параметриможе да се создадат услови за донесување на новавнатрешна организација и систематизација со цел дасе створат услови за успешно преземање навработените, инвентарот и предметите од органот којшто престанува да постои а тоа да не се одразиштетно на правата од работен однос на вработените, работата на институцијата и правата на странките коиимаат поведено постапки пред двете Комисии.  
Сакаме да го потенцираме фактот дека надлежноста на Државната комисија, која се состои од носење на одлуки во втор степен по жалби на акти – решенија донесени по прв степен од страна на органите на управата (министерствата, јавните установи, образовните институции, како и фактот дека Државната комисија претставува единствен државен орган на ниво на цела држава која постапува во втор степен по приговори изјавени против акти од работен однос, а се однесуваат на вработените во органите на државата управа чии што права од работен однос се уредени со lex specialis. Оттука, надлежностите на Комисијата директно се рефлектираат врз најсензитивните егзистенционални прашања на исклучително голема категорија граѓани, пред се вработени во здравството, органите за безбедност, пензионерите, корисниците на социјална помош и граѓаните изложени на социјален ризик.
Предлагањето на вакви законски измени воскратена постапка и брзината со која истите се носатво најмала рака е несериозно и несомнено упатуваатдека истото е водено од исклучиво политичкипричини. Не би сакале да веруваме дека се точнишпекулациите дека вака предложените измени сепредлагаат со единствена цел предвремено да сепрекине актуелниот мандатот на постојните членовина двете Комисии и дека  веќе е “ скроен “ новиотсостав на Државната комисија по терк напарламентарното мнозинство.
 
На крајот истакнуваме дека преку ваквиотпреседан кој е спротивен на принципот на владеењена правото се прави упад  во правниот систем и сесоздава правна несигурност и се воведуваисклучетелно опасна праска секој нареден состав возаконодавниот дом да може посегнувајќи по ваквиалатки на припојување, укинување и проширување нанадлежностите под превезот на “реформа наадминистрацијата“ да врши политички промени вопрофесионални, независни и самостојни државни органи.

Соопштение на Државна комисија за одлучување во управна постапки и постапка од работен однос во втор степен
 

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер