Утрински Весник
Македонија

Ограничени цени за над 100 прехранбени производи – се чека Владата да одобри

1710399704 Market.webp.webp

Се прават последните анализи за воведување на есенска кошничка, со која над 100 основни прехрамбени производи ќе имаат пониски цени. Од Министерството за економија кое ја прави анализата велат дека се чека Владата да ја одобри и веднаш да почне да се применува. Премиерот потврди дека ќе има есенска и пролетна кошничка и изрази подготвеност да му излезе во пресрет на стопанството за одложување на примената на Законот за нефер трговски практики.

Од Сојузот на стопанските комори, пак бараат да нема одлагање на примената на овој закон. Велат македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења.

Од Министерството за економија велат дека доколу се прифати мерката за ограничени цени таа би започнала да се применува уште од наредната недела.

Инаку во есенската кошничка се предвидени намалувања на цените на прехрамбените производи на основните производи кои им се потребни на домаќинствата и намалување на цените на производите кои ги користат најмногу во овој период.

Граѓаните веќе се истрошени и велат дека мора час поскоро да се превземат мерки. Се жалат дека секое влегување во маркет цените се за 10 до 20 денари поскапи.

Инаку во соседството во моментов има најразлични видови на акции и мерки со цел намалување на цените на основните прехрамбени производи.

Можете да прочитате

Полицијата влезе во струмички фирми, под полициска опсада и познат ресторан

Царинска управа: на Богородица спречен обид за криумчарење цигари

Полицијата му пронајде нож и дрога – Уапсен млад скопјанец