Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Владо Мисајловски со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н.Е Кристов Ле Риголер

Slika1.jpeg

Добредојде и успешна дипломатска мисија му посака министерот за одбрана Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н.Е Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковник Валери Санс, се разговараше за одбранбена билатерална соработка со Франција која е активна повеќе од 28 години во областа на воено образование и јазичната обука.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели, членството во НАТО и на патот кон целосна интеграција во ЕУ.

Можете да прочитате

Пешак прегазен на улица во Чаир

Демократски сојуз: Извештајот на ЕК е поттик за нов реформски циклус

Возач на мотоцикл тешко повреден при судир со автобус