Утрински Весник
Македонија

Судијата Лазар Нанев под истрага за 95 телефонски повици со обвинет во случајот кој го судел

Lazar Nanev.jpg

Судскиот совет на денешната седница разгледуваше барање за одговорност на судијата Лазар Нанев од Основниот суд Кавадарци. Причина за расправата е неговата контроверзна постапка во случај каде се слушнал 95 пати со обвинет во предмет на кој самиот судел, без да се изземе од него, и притоа донел пресуда.

Иако Нанев инсистирал седницата на Советот да биде јавна, тој денеска не се појави. Претседателката на Комисијата, Лорета Георгиева, информираше дека судијата ја примил поканата на 8 февруари, но не испратил никакво известување до започнување на расправата.

„Постапките по овие расправи се одвиваат без јавност, но по барање на судијата, Советот може да одлучи постапката да биде јавна. Судијата доставил повеќе докази во затворено плико, без конкретна листа, и навел дека ќе даде усна изјава,“ изјави Георгиева, додавајќи дека Нанев побарал претставници на меѓународната и дипломатската заедница да присуствуваат за да, според него, видат како се шират лаги и невистини.

Судијката Антоанета Димовска, подносител на барањето, посочи дека Нанев направил крупна професионална грешка со тоа што постојано комуницирал со обвинетиот Ванчо Кузманов, без да се изземе од предметот. Според Димовска, ова однесување е јасен показател за непрофесионалност и можен судир на интереси.

Со тоа расправата заврши, а по донесување одлука, Комисијата ќе го извести судијата.

Можете да прочитате

Муцунски на средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено                     

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање

Градоначалникот на Врапчиште: Тензиите во Галате ги направија луѓе од соседните општини