Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”

Marihuana.webp.webp
Dik 300x250 mk

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.К.(73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

Пријавениот, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година. На 15.02.2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 кг. марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

Можете да прочитате

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања

Давкова на вечера со Макрон

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат