Утрински Весник
Македонија

Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година

4 2.jpg

„Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година, почитувајќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија”, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон.

„Преминот од јаглен до 2050 година бара силна финансиска и техничка поддршка. Помошта и финансирањето се клучни за трајна трансформација и за обезбедување правична транзиција за погодените заедници”, рече Меџити.

Според него, забрзувањето на енергетската транзиција бара трансатлантска посветеност, со помош за подобрување на регулаторните рамки и енергетската инфраструктура. Создавањето зелени механизми за финансирање би го олеснило оддалечувањето од јагленот и развојот на чиста енергија, додека регионалната соработка преку Енергетската заедница би помогнала да се дизајнираат заеднички стратегии за оваа намена.

„Имајќи ја предвид стратешката позиција на Северна Македонија на Балканот, како и влијанието на војната во Украина и руското влијание, сакам да ја нагласам потребата од зголемено вклучување на САД и ЕУ. Оваа поддршка е од витално значење за да се обезбеди енергетска независност и да се намали руското влијание во регионот”, истакна  Меџити Меџити во Вашингтон. 

Можете да прочитате

Филипче: Очекувам Мицкоски да ми се извини јавно за лагите за имотниот лист

СДСМ: ДПМНЕ штанца лаги за пренасочување на вниманието од скандалите на власта 

Дисциплински постапки против шест полициски службеници за пропусти за случајот со свадбата на Гаши во Косово