Утрински Весник
Македонија

Падна дрво кај месноста Баткова Чешма – отежнато движењето на возилата на патот Делчево – Македонска Каменица

Uploads Thumbs Resize 800x420 658684.jpg

Паднато дрво на магистралата А3 го отежнува движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Паднато дрво се наоѓа на едната страна од коловозот кај месноста Баткова Чешма, каде се работи на негово отстранување од коловозот и целосно нормализирање на сообраќајот.

Од „Македонија Пат” апелираат на внимателност при движењето на овој патен правец особено поради можните одрони кои по обилните врнежи се честа појава на овој патен правец.

Поради дождот кој непрекинато во изминатите часови паѓаше на овој патен правец, сообраќајот се одвиваше по влажни коловози.

Можете да прочитате

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци