Утрински Весник
Македонија

Царина со полни раце работа: Запленета непријавена стока, муниција и девизи на граничните премини

Sss.jpg

Царинските службеници, во соработка со мобилните тимови на граничните премини, успешно спречија повеќе обиди за нелегален внес и износ на стока и средства.

На граничен премин Деве Баир, при контрола на автобус, биле запленети 68 парчиња непријавена облека со потпис на познатите трговски марки „Бос“ и „Ралф Лаурен“. Против патникот кој носел непријавената облека се води прекршочна постапка, а започната е и постапка за заштита на право од интелектуална сопственост.

На граничен премин Дојран, мобилен тим спречил обид за нелегален внес на поголема количина патрони за ловечка пушка. При контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, инспекторите пронашле вкупно 90 патрони ловечка муниција, скриени на различни места во возилото. Непријавената муниција е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Утринава, на наплатна станица Петровец, мобилен тим стопираше автобус што сообраќа на линијата Скопје – Истанбул – Скопје. Во багажот на еден од патниците била откриена поголема количина непријавена стока, вклучувајќи 1.190 парчиња разни производи како ременчиња за часовници, батерии за слушни апарати и маски за телефони, без документи за платени царински давачки.

На граничен премин Богородица, царинските службеници спречија обид за нелегален внес на 9.600 парчиња цигари, односно 48 штеки, откриени при контрола на автомобил управуван од унгарски државјанин. Штеките со цигари биле пронајдени во просторот за и околу резервната гума, како и во една од патните торби.

Исто така, на граничен премин Богородица, царинските службеници спречија обид за нелегален износ на девизи во износ од 10.000 евра, откриени кај возач на автобус. Прво, возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, но по повторното прашање, изјавил дека носи само две илјади евра. При претрес, покрај пријавените 2.000 евра, под појасот на неговите фармерки биле пронајдени дополнителни 10.000 евра. Патникот добил 2.000 евра назад, согласно Законот за девизно работење, додека останатите средства се задржани. Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок.

Можете да прочитате

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување