Утрински Весник
Македонија

ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ПРОДОЛЖУВААТ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Можно е локално невреме

Flash 1156822 1280.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Циклонот од Средоземјето, преку Јадранот пристигна  и во Македонија. До крајот на денешниот ден насекаде во Македонија овој циклонски систем ќе услови пообилните врнежи од дожд да продолжат. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион продолжуваат врнежите од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Граѓани чистеле црква во гостиварско Галате, по пријава од Општина Врапчиште дошла полиција

24 годишник од Македонија уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија

Немил настан утрово во Кавадарци: Ќерка ја нападнала мајка си со тврд предмет