Утрински Весник
Македонија

ПРВИОТ БРАН НА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ НИ ДОАЃА УТРЕ ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР, КАКО И ВО ВТОРНИК: Се очекува значително количество на воден талог

1725797405 Clouds Prec 040.png

Почитувани, првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник. Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а во вторник од северен правец.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион утре попладне  и навечер, како и во вторник ќе започнат врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено во вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Да напоменам дела за време на овој прв бран на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2).

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија