Утрински Весник
Македонија

Серија на апсења во Скопје – приведени осум лица

Apsenje 1.jpg

Полицијата во текот на вчерашниот и денешниот ден апсеше на повеќе локации во Скопје, при што приведени се осум лица.

Денеска во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета.

Денеска во 01.05 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денеска во 02.50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Денеска во 00.55 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(20) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 17.40 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(18) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(28) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 22.30 часот во населбата Колонија во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(40) од село Идризово, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Вчера во 13.45 часот во с.Сарај-скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(43) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветен поднесоци.

Можете да прочитате

Клучна дебата вечерва во „Ноќно студио“: Колку е достапно лекувањето за македонските граѓани?

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг