Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ им го честита 8 Септември на сите граѓани. 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, кој стана реалност во 1991 година. Наша обврска денес е да ја унапредуваме таа држава.

33 години независност, многу премрежја, но и успеси. Македонија никогаш не престана да расте, без разлика колку некои владејачки елити се труделе да ја уназадат.

Граѓаните се движечката сила на државата и тие секогаш го даваа својот елан за таа да напредува.

ВМРО-ДПМНЕ 33 години посветено работи на унапредување на државата, поголем просперитет и развој. Го дадовме темелот во 1991 година, и сме стожер 33 години.

Сега, повеќе од било кога порано ни е потребна енергијата која ја имаше на 8 септември 1991 година. Енергијата која ја отпочната приказната за независна држава, таа енергија преточена во желба за напредок веќе ја има кај граѓаните, преку желба за успешна држава. Потребна е силна волја за напред, и таа ја има. Македонија чекори забрзано кон просперитет.

Можете да прочитате

ЛДП: Владата со „нема напредок” доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Ињацио Касис

Истрага против четири лица за изнуда, перење пари и злосторничко здружување, за тројца побаран притвор