Утрински Весник
Македонија

Таксист во Скопје насила одзел 2.000 денари за кратка релација на патници од Турција и ги ги истерал од возилото

Taksi.png

Б.Ч.(21) од Република Турција вчера во 22.05 часот во СВР Скопје пријавила дека во 19.44 часот на подрачјето на Центар, едно лице–таксист, кој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и кој ги превезувал неа и нејзиниот татко Ф.Ч.(47) им побарал 2.500 денари за дестинација која била кратка.

Пријавителката се побунила за износот, но таксистот со употреба на физичка сила од нејзината рака и одзел 2.000 денари, а потоа ги истерал од такси возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево