Утрински Весник
Македонија

Николоски и Стоиљковиќ се сретнаа со Синиша Мали

Img 13baaf8b084c6b7d32a46abb0bd2571c V.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во рамки на официјалната посета на Белград, Република Србија, денеска остварија работна средба со потпретседателот на Владата и министер за финансии, Синиша Мали.

Зајакнување на економските и трговските врски меѓу двете земји беа фокус во разговорите, при што акцент се стави на унапредување на условите за пристап на пазарите, создавање на подобри услови за компаниите како и можностите за содавање на единствен пазар меѓу земјите од Западен Балкан.

Македонија е целосно фокусирана на олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан, потенцираа од македонската делегација притоа нагласувајќи ја потребата од преземање на нови заеднички политики за подобрување на регионалната трговија.

На средбата се разговараше и за иницијативите и мерките во рамки на Отворен Блакан каде и двете страни се согласија дека е потребно да се унапредат политиките со цел ослеснување на движењата на добра и услуги.    

Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Владата има силна заложба за зацврстување на регионалната економија преку содавање на нова модерна и квалитетна инфраструктура која ќе ја засили конкурентската позиција на транспортните кроидори во регионот. 

Тој потенцираше дека Македонија е силно фокусирана на изградба на брза пруга и приклучување на брзата пруга на европскиот коридор 10, како предуслов за брз транспорт на стока и патници меѓу земјите во регионот. Во тој контекст се нагласи потребата од заеднички активности за доизградба на брза пруга на потег Белград-Ниш – Табановце – Скопје. 

Економската соработка меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, заклучија и двете страни притоа согласувјаќи се дека и во наредниот период двете влади преку заеднички мерки и политики ќе работат на создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите од двете земји.  

Можете да прочитате

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“

Обвинителката Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е обид да се избегне кривичната одговорност