Утрински Весник
Магазин

Заробена во подрум со години: Малгоржата го разоткри својот мачител

Img 3499.jpeg

Малгоржата (30) стана позната на светската јавност откако на крајот на август беше донесена во болница поради исчашување на рамото. Тогаш, пред лекарите, таа го откри својот долгогодишен мачител – Матеуш Ј. (35), човекот кој ја донел на лекување, а всушност, според нејзините зборови, ја држел во заробеништво и ја мачел со години.

Случајот добива нова димензија откако на виделина излегоа дополнителни информации. Имено, Матеуш неколку пати ја носел Малгоржата во болница поради разни повреди, но таа секогаш ги негирала обвинувањата за насилство, не сакајќи да ги извести надлежните за својата ситуација. Лекарите во болницата во Глогово изјавиле дека Малгоржата доаѓала со повреди кои укажувале на насилство, но таа постојано тврдела дека не е жртва на малтретирање. “Категорично одби да ги извести надлежните”, изјавила портпаролката на болницата, Ева Тодоров.

Понатамошни откритија покажуваат дека Малгоржата, пред да го запознае Матеуш преку интернет, водела нестабилен живот, што резултирало со тоа да ѝ биде одземено старателството над двете деца. Таа исчезнала повторно во 2019 година, а родителите престанале да ја бараат, верувајќи дека доброволно го напуштила домот. Но, во 2020 година, Малгоржата побарала засолниште од Матеуш во Сигурна куќа поради насилство. Иако била советувана да ги прекине сите врски со него, таа побегнала од засолништето и оттогаш никој не знаел каде се наоѓа.

Малгоржата тврди дека во овој период била затворена во подрум во близина на Гаики, каде што Матеуш живеел со своите родители. Според неа, тој ја мачел со години – ја тепал, силувал, изгладнувал и изолирал од надворешниот свет. Дури последен пат, со сериозна повреда на рамото, таа конечно проговорила за насилството и обвинила дека Матеуш е одговорен за нејзините страдања. Малгоржата го обвинува дека ја држел затворена без пристап до основни услови за живот, дека ја тепал со раце, нозе и разни предмети, дека ја гушел и понижувал.

Матеуш Ј. е уапсен веднаш по пријавата и ги негира обвинувањата, а неговите родители тврдат дека не знаеле дека Малгоржата била заробена во нивниот дом. Малгоржата се уште е во болница, а нејзината здравствена состојба не е објавена од страна на лекарите. Случајот продолжува да ја шокира јавноста и да предизвикува бурни реакции.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста