Утрински Весник
Македонија

Страшен пожар во Мариово, 200 луѓе на терен

Pozharmariovo.jpg

Огромен пожар беснее во Мариово со линија на огнот долга дури 20 километри. Поради итноста на работите во Прилеп заседаваше кризен штаб во присуство на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов каде се донесе одлука со авиони и од терен да се гаси огнот. Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови.

„Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше, зафаќајќи ја линијата на огнот над 20 километри“

Од ЦУК информираат дека во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен, а се координира и помош од други општини. Во соопштението се додава дека кризниот штаб ќе заседава и ќе биде во координација со единиците на терен сѐ додека пожарот не биде локализиран.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор