Утрински Весник
Економија

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 52. сесија на Клубот на истражувачите

Narodnata Banka Scaled.jpg

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 52. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 26 септември 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 18 септември 2024 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Можете да прочитате

На шопинг во Врање? Овие производи се многу поевтини во Србија отколку кај нас

Мицкоски: Растот на индустриското производство за 3,8 проценти во јули е показател дека се враќа довербата на бизнис заедницата

СДСМ: Инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од претходната влада