Утрински Весник
Свет

Уапсен чичкото на осумгодишното девојче по кое трага цела Турција

Screenshot 2024 09 03 112429 1.jpg

Цела Турција чека вести за Нарин Гуран (8), која исчезна на 21 август во квартот Баглар во Дијарбакир, а сега во рамките на најновата истрага е уапсен и вујкото на девојчето.

Претходно во полиција беше приведен 18-годишниот брат на Нарин Е.Г. кој извесно време беше во притвор, но сега е на слобода.

По 15 дена потрага, истражителите не се откажуваат од идејата дека ќе ја најдат Нарин.

Министерот за правда Илмаз Тунч рече дека е пронајдена планина докази, но дека малку од нив е релевантно во истрагата. Единствениот доказ што се користи во оваа фаза од истрагата е примерокот на крв од мајката и таткото на Нарин, што се совпаѓа со примерокот од крвта во автомобилот на вујкото.

„Врз основа на земени примероци од крв е приведен, а што се случило ќе покаже понатамошната истрага“, рече министерот.

Медиумите потсетуваат дека братот е уапсен бидејќи на раката му биле пронајдени видливи траги од каснување, но истражителите на судска медицина утврдиле дека „невозможно е да и припаѓаат на Нарин бидејќи таму би биле 9 дена, а овие биле посвежи“.

„Местото каде што човек би си ја гризнал раката е различно од местото каде што некој би гризнал некого додека се бранел“, велат тие.

Во текот на овие 15 дена беа претресени голем број околни места и пасишта, како и поле со пченка каде беше пронајдена облека за која постои сомневање дека е на Нарин.

Ткивото е испратено на преглед во Институтот за судска медицина во Дијарбекир.

Можете да прочитате

Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта

Итно суспендирање на апликацијата „Х“ нареди Бразил – Казната за обид за пристап до мрежата е 8.874 долари

Околу 30 мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина