Утрински Весник
Македонија

Првиот вицепремиер Изет Меџити им посака успешен почеток на првачињата во ОУ. „Лирија” Скопје

458181614 1042866127218638 6613841488785164181 N.jpg

Првиот вицепремиер и министер за Животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска придружуван од заменик министерот за образование и наука, Љулзим Алиу, членови на Владата, пратеници и љубители на образованието, учествуваше на свечената церемонија за почетокот на учебната година, во ОУ „Лирија” во Скопје.

Пред наставниците, учениците и родителите, Меџити рече дека е горд што овој почеток на годината е во ОУ „Лирија” кое наскоро ќе го одбележи својот голем јубилеј – 80-годишнината од формирањето.

-Денеска заедно со наставниците, учениците и родителите го претставуваме унифицираниот буквар за првачињата. Овој буквар ја означува кулминацијата на нашите напори да го заштитиме нашето идентитетско стебло во ерата на глобализација и интернет”, рече Меџити, додавајќи дека од етно-културен аспект може да се каже дека ја запечатува нашата припадност, додека во практична смисла, унифицираниот буквар претставува многу важен водич, ако не и суштински, за зачувување и негување на стандардниот и унифициран албански јазик во децениите пред нас.

Вицепремиерот Меџити информираше дека Владата ќе продолжи да помага преку проактивни политики, зајакнувањето на образованието и нашите училишта.

“Ќе го вратиме и штитиме интегритетот и достоинството на наставникот и ќе продолжиме да придонесуваме за враќање на стандардите во образованието, генерациите што доаѓаат да се образуваат во најнапредни услови и методи”, рече Меџити.

Тој додаде дека за да можеме и да бидеме подготвени да живееме и да дејствуваме како европски граѓани, треба да го подигнеме стандардот, а во меѓувреме ги предаде букварите за албански јазик, донација од ИДКНА, кои ќе ги користат првачињата Албанци во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска

Давитковски: Процесот за трагедијата во Кочани да се подели на повеќе обвиненија

Четворица пратеници од Европскиот фронт преминуваат во ВЛЕН, најави Изет Меџити