Утрински Весник
Македонија

Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Естер Линч во посета на ССМ

Ssm.webp.webp

Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати (ETUC) Естер Линч, заедно со својот тим, денеска ќе реализира работна посета на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ).

Како што соопшти ССМ, во рамки на посетата ќе бидат разгледувани актуелните состојби околу одземањето на зградата на ССМ – Работнички дом, барањата на синдикатите до Владата за зголемување на платите во државата, положбата на работниците, работничките права, работничките организации и нивната усогласеност со европското законодавство и меѓународните трудови стандарди, како и положбата на синдикатите во земјава.

По повод посетата на Линч, ССМ најавува и  прес – конференција на која ќе се обратат Линч и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Можете да прочитате

Миноски: Без мерките на Народната банка, Алта можеше да се соочи со масовно повлекување на депозитите

Миноски: Алта банка е ликвидна, но проблемите со сопственикот ја разнишуваат довербата

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка