Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Земјите од Западен Балкан нема да влезат во ЕУ пред 2030 година

Img 3290.webp.webp

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не очекува земјите-кандидати од Западен Балкан да станат членки на Европската унија пред 2030 година, додавајќи дека до тогаш Украина веројатно ќе биде првата следна земја што ќе се приклучи на Унијата. Според Вучиќ, следни по ред за членство во ЕУ би можеле да бидат Србија, Албанија, Црна Гора и, ако добие поддршка од Бугарија, Северна Македонија.

На панелот „Пристапување на Западен Балкан во ЕУ“ во рамките на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага, Вучиќ изрази сомнеж во времето на влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ, наведувајќи дека интересите на ЕУ и Србија понекогаш се разликуваат. Тој истакна дека, иако сите земји од регионот сакаат да станат дел од ЕУ, не е јасно како ќе изгледа ситуацијата во Унијата, особено со оглед на зголемената исцрпеност на јавноста по прашањето на проширување.

Според Вучиќ, за Србија во меѓувреме е најважно да преземе конкретни чекори за економски напредок и реформи, како што се добивање на единствена европска платежна област, зелени коридори за транспорт и зголемување на директните странски инвестиции. Тој истакна дека Србија мора да спроведе одредени реформи пред да влезе во ЕУ, но и дека Унијата треба да прифати различни гледишта по одредени прашања.

Вучиќ додаде дека Србија е подготвена за промени, но и дека ќе мора да се најде заедничко решение за разликите во ставовите, особено во однос на прашања како што се резолуциите на ОН и територијалниот интегритет на земјата.

Можете да прочитате

Вучиќ на Лајчак му изразил загриженост за ситуацијата на Косово

Плажа во Грција на која нема да потрошите ниту едно евро, се наоѓа на вториот крак

Милатовиќ: Целта на Црна Гора е до 2028 година да стане 28 членка на ЕУ