Утрински Весник
Спорт

Попирин: Неверојатно е чувството да се победи најдобриот на сите времиња

20240831095041 Big 730x400 74.webp.webp

Алексеј Попирин беше пресреќен по победата над Србинот Новак Ѓоковиќ. Ова им беше трет меч годинава на Гренд слем турнирите и првпат успеа да победи.

-Искрено не знам што да кажам. Можеби овој пат имав малку повеќе среќа. Имаше шанси и во Австралија и на Вимблдон. Не ги искористив тогаш, сега го направив тоа и толку, изјави Попирин.

Австралиецот влезе во топ 16 за прв пат во кариерата на Гренд слем.

-Конечно ја пробив и таа граница. Неверојатно е чувството што го направив тоа против најдобриот играч на сите времиња, истакна тој.

Призна дека по третиот сет, често размислувал дека Ѓоковиќ ќе направи пресврт.

-Секако дека тоа беше во мојата глава. Успеал безброј пати. Цело време чекав да израмни. Мислев дека тоа е тоа во третиот сет. Иако и нивото ми падна, воопшто немав прв сервис. Но, си реков дека нема да бидам уште еден во низата пресврти. Тоа ми беше дополнителна мотивација, додаде австралискиот тенисер.

За место во четвртфиналето Попирин ќе игра против Американецот Тиафо.

Можете да прочитате

Мукаетов најави повлекување од позицијата претседател на РФМ

Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис победници на 37. Охридски пливачки маратон

Тешки гостувања за Македонците во првото коло во ЛШ: Динамо во Минхен, Џирона во Париз, Лајпциг кај Атлетико