Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во радовишко, следува пријава

1718360130 Polici A.jpg

На 30.08.2024 во 08.35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба” во куќа во село Габревци, при што одзел пари. Кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23.08.2024 извршил „тешка кражба” во куќа во село Габревци. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни