Утрински Весник
Балкан

Хрватска од пазарот повлекува колбаси: можат да бидат ризик за потрошувачите

Kolbasi Epa.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватска го повлекува од пазарот виенскиот колбас од домашно производство бидејќи може да претставува ризик за потрошувачите, соопшти Државниот инспекторат.

Станува збор за производот Виенски колбас, ЛОТ 3114440, со рок на употреба 10 септември годинава, поради неозначен алерген – глутен.

Производител е Куделиќ д.о.о., Беденица, пренесуваат тамошните медиуми.

Имајќи предвид дека на производот не е означен алергенот на глутен, производот може да претставува ризик по здравјето на чувствителните потрошувачи, додека, како што тврдат, оние кои не се алергични на глутен можат да продолжат да го користат.

Инспекторатот наведува дека производот не е во согласност со Правилникот за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Правилникот за обезбедување информации за храната на потрошувачите.

Можете да прочитате

Новогодишен дебакл: Колапс на дрон-шоуто во Будва

Од утре еврото станува официјална валута во Бугарија

Екстремен студ: Во Хрватска утрово температурата се спушти дури до -21 степен