Утрински Весник
Спорт

Алкараз по елиминацијата од УС Опен: Не можев да се победам самиот себе

20240830092641 Big 730x400 81.webp.webp
Dik 300x250 mk

Карлос Алкараз брзо се појави пред медиумите по неговиот неочекуван пораз во второто коло на УС Опен против Ботик ван де Зандшулп во три сета.

Шпанскиот ас во преден план ја стави одличната партија на Холанѓанецот.

-Тој беше неверојатен. Воопшто не ми даваше поени, не грешеше, што и очекував. Како тоа да ме вознемири. Моето ниво беше постојано исто, а тоа не беше доволно за да си дадам шанса да победам. Направив многу грешки, не ја погодував добро топката. Кога се обидов да се вратам, веќе беше доцна, изјави Алкараз.

Сепак, според третиот играч на светот, тој ја имал најголемата пресметка со себе во текот на целиот натпревар.

-Тоа беше борба со себе, во мојот ум за време на натпреварот. Во тенисот играш против некој кој го сака истото како тебе, да победи и треба да бидеш максимално смирен за да размислуваш подобро и да се трудиш да правиш добри работи. Денеска играв против моите ривали и играв против себе, во мојот ум. Многу емоции кои не можев да ги контролирам, додаде Шпанецот. 

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони