Утрински Весник
Магазин

Организаторите на фестивалот во Венеција мораа да ги спречат Анџелина и Бред да се сретнат

Screenshot 2024 08 29 101928.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Филмските ѕвезди, Бред Пит и Анџелина Џоли се обидуваат да избегнат да налетаат еден на друг додека ги промовираат своите филмови на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција. Имено, организаторите се погрижиле поранешните сопружници да бидат разделени за да се избегнат непријатни ситуации, пренесува Page Six.

„Анџелина ќе биде присутна првиот ден, четврток, 29 август, а потоа ќе отпатува на филмскиот фестивал Telluride во Колорадо. Бред доаѓа во Венеција во сабота. Нема шанси нивните патишта да се вкрстат“, рече уметничкиот директор Алберто Барбера.

Џоли завчера пристигна во Италија за да го претстави својот филм Мари, кој зборува за животот на оперската пејачка Марија Калас. Пит ќе го претстави филмот Волци во Венеција, во кој глуми со Џорџ Клуни.

Да потсетиме, љубовната приказна на овој славен пар заврши кога Џоли во 2016 година поднесе барање за развод, а борбата за сопственоста на француската винарија Шато Миравал продолжува. Освен тоа, тензиите меѓу поранешните сопружници се одразиле и во односот со нивните деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, кои не се во контакт со Пит, а некои дури и се откажале од неговото презиме.

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk