Утрински Весник
Свет

Илхан Ќучук предлага Бугарија да бара еврокомесар за проширување

Ilhan Kucuk.webp.webp

Три дена пред да истече рокот за номинирање предлози за еврокомесар, Бугарија се уште не го сторила тоа. Европарламентарецот од претходниот состав Илхан Ќучук вели дека прашањето сега е за кој ресор всушност Бугарија ќе може да смета и за кој ќе може да се бори. Има само 3 земји кои се уште не го предложиле својот еврокомесар, објасни заменик-претседателот на ДПС и предупреди на опасноста Бугарија да го добие „она што го оставаат другите“. Меѓу силните портфолија на кои може Бугарија да инсистира, Ќучук ги посочи енергетиката, кохезионата политика  како и политиката на проширување. Традиционално овој последниот ресор не е многу популарен во Брисел, освен ако државата што го бара нема директер интерес. 

Премиерот Димитар Главчев денес разговараше со Екатерина Захариева, Искра Михаилова и Велислава Петрова, кои во моментов се официјално предложените номинации за еврокомесар од пратеничките групи ГЕРБ-СДС, ДПС и ИТН. Премиерот Главчев вчера испрати и писмо до сите пратенички групи во 50. Народно собрание, во кое ги повика да заземат став за прашањето кои треба да бидат двајцата кандидати за бугарски еврокомесар во следната Европска комисија. Со оглед на истекот на рокот за реакција, премиерот ги очекува номинациите да стигнат до утре – 29 август.Од владината прес-служба информираат дека Димитар Главчев е подготвен да се сретне со предложените кандидати од останатите пратенички групи, кои се уште немаат дадено предлози.

Можете да прочитате

Норвешката принцеза се омажи за американскиот шаман

Инвазивни пчели се појавиле на Малта, научниците се плашат дека може да се прошират во Европа

Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк