Утрински Весник
Македонија

ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ ПРОДОЛЖЕНО ЛЕТО: Високите температури продолжуваат и во првата половина од септември месец

Grcija Toplo More.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека  и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека  и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа.

Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира  и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.

Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември.

Можете да прочитате

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух