Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Се обидоа да ме поткупат да го потпишам тендерот за пругата кон Бугарија

454351531 1098547284960530 7775765651562997934 N.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека му било понудено мито за да продолжи да ја гради пругата кон Бугарија. Без да каже кој и колку пари му нудел, Мицкоски вели се одело преку тајни канали за комуникација.

Но, уверува дека пругата по моменталните услови за работа какви што се во тендерската документација нема да се гради.

„Нудењето поткуп не оди јавно на емисија или преку документ на кој треба да се потпишеме заедно двете страни дека јас ти нудам поткуп, па ти го прифаќаш. Знаеме како оди тоа преку канали и еве сега кажувам дека за пругата кон Бугарија имаше обид да ми биде понуден поткуп за да ја прифатам оваа тендерска документација која истекува 17 септември. Се додека сум јас претседател на владата овој тендер кој што е тековен нема да го прифатам.“ – рече Мицкоски.

Мицкоски додава дека денеска имал комуникација со претставници од Брисел и со банките кои се финансиери на пругата, и заеднички оцениле дека проектот има голем проблем. Премиерот вели дека им посочил дека пругата завршува во тунел кој е слепа улица, и парите кои ќе бидат потрошени за изградба до таа точка ќе бидат практично фрлени во вода.

Според расположливите информации, последниот дел од пругата кон Бугарија која треба да се гради ќе чини најмалку 560 милиони евра. Тоа е тендерот кој опфака градежни работи од Крива Паланка па се до границата со Бугарија. Парите се обезбедени од меѓународни финансиски институции, но властите веќе најавија дека ќе бараат тие средства да бидат пренаменети за други инфраструктурни проекти.

Инаку, за овој децениски проект кој е ветуван од страна на секоја влада од осамостојувањето треба да финишира кога ќе бидат изградени последните 23 километри. Според пресметката, еден километар железничка пруга според овој тендер треба да чини 24 милиони евра.

Од друга страна пак, брзината со која треба да се движат возовите ќе биде од 60 до 80 километри на час. Во последниве неколку години поради неактивност на проектот кој веќе добил европски ари, а земјава не ги искористила, од државната каса биле платени пенали во висика од 4,6 милиони евра.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта