Утрински Весник
Македонија

Еве колку се чека на „Табановце” и на „Богородица”

Granica Bogorodica 1.jpg

На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но итензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, тогаш Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името

Пролетно сонце во Македонија: Нè очекуваат натпросечни температури

МОФ со реакција на Предлог Законот за високо образование