Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден вкупно 25 пожари на отворено, сè уште гори на две места

Pozari Cuk 1024x577 1.png

Центарот за управување со кризи извести дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 25 пожари на отворено. Од нив два се уште се активни, два се ставени под контрола а 21 се изгаснати.

Активни пожари има во општината Чашка, кон селото Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени, и во општина Студеничани, над селото Црвена Вода.

Под контрола се пожарите кај селото Цер, во општина Кичево и на планината Галичица кај местото викано Зли Дол, во општина Охрид.

Изгаснати се пожарите во Општините Демир Хисар, кај Плакенска планина, два во Карпош, во Арачиново, Шуто Оризари, Чучер Сандево, во Илинден, Гостивар, Врапчиште, Брвеница, Радовиш, Македонски Брод, три во Струга, во Кичево, Ново Село, Старо Нагоричан, Штип, Берово и во Прилеп.

Можете да прочитате

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност во сообраќајот и за прекршоците

Николоски: Обвинителството да ги истражи злоупотребите што се правеле во АНБ и да ги процесуира одговорните

Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници