Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вкупно 25 пожари на отворено за изминатите 24 часа, два сѐ уште активни

Pozhar 3.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои, два се сѐ уште активни, а уште толку се под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– На планината Мукос, место викано „Котева круша“, во атар на село Оморани, огнот е изгаснат од дожд, додека, активен е кон селото Степанци и место викано „Кадиица“ на границата помеѓу општините Чашка и Долнени, каде гори мешана шума, се појаснува во соопштението.

Вториот активен пожар е на територија на општина Студеничани, над селото Црвена Вода, место викано „Крста“. Горат ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Под контрола е пожарот во општина Кичево, кај селото Цер, каде гори веќе на изгорениот дел, но нема опасност од проширување.

Вториот пожар, категоризиран „под контрола“, е на планината Галичица, кај место викано „Зли Дол“. Дождот го изгаснал пожарот на ресенска страна.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Платите растат три години по ред, граѓаните добиваат подобри услуги

Посвежо и нестабилно време и понатаму во Македонија, локално со врнежи

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи