Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за најавите за апсења: Граѓаните да бидат трпеливи, не сакаме да правиме естрада

454351531 1098547284960530 7775765651562997934 N.jpg

Премиерот Мицкоски коментирајќи ги најавите дека од есен ќе има апсења побара од граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи како што рече не сака да прават естрада од сето тоа како во минатото и да има упади во домови, камери и слично.

– Тоа нема да се случува. Не треба да правиме естрада. Не е ништо посебно ако државата го споредува редот и законите бидејќи ние немаме втора опција.Не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади, сакаме да расчистиме со нив без разлика дали се на улиците, во политиката. Мораме да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред. Ако сакаме да не биде како држава, мора се расчисти. Не должиме никому како генерација политичари, немаме концесија кон никого и ова е тоа што мораме да го направиме-изјави Мицкоски за ТВ Алфа.

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати