Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот во населба Иванидол

Celosno Izgasnat Pozarot Vo Naselba Ivanidol Vo Kicevo E1724687823363.jpg

Пожарот што денес околу пладне избувна во населба Иванидол 1, со помош на вработените од ТППЕ Кичево е целосно изгаснат. Дваесет вработени од кичевската единица и дождот кој заврна околу 16 часот, дадоа огромен придонес овој пожар целосно да биде ликвидиран и да не претставува сериозна опасност за жителите од блиските населби.

-Можам да информирам дека пожарот што денес избудна во непосредна близина на индустриската зона Иванидол-1 е целосно ликвидиран. За целосно да се изгасне овој пожар помогна и доджот кој околу 16 часот заврна во Кичево. Покрај дождот во гасењето на пожарот голем придонес дадовме и ние вработените во ТППЕ Кичево потпомогнати со три специјални возила кои беа вклучени во гаснењето на огнената стихија. На локацијата каде што избувна пожарот покрај старото стрниште имаше нафрлано големи количества на пластична амбалажа, најлони и што уште не. Причината и за овој пожар како и многу претходни е човечки фактор – истакна командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.

Тој напомна дека ова е втор голем пожар што се случува речиси на истата локација во градот, откако пред два месеци пожар изувна и во поранешните производствени погони на Керамичкиот комбинат и каде што се сместени поголеми количества на секаков вид на отпад.

Извор: Нова Македонија

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите