Утрински Весник
Македонија

Филипче: Приказни за мали деца е дека нема пари во буџетот за повисоки плати

Vf1 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза можеше да покачува плати, Христијан Мицкоски и неговата Влада само покажуваат колку се неспособни, бидејќи не може да се справат со предизвиците, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за медиумите.

Филипче истакна дека политизирањето на барањата на Синдикатот од страна на Мицкоски е навреда не само за синдикатите туку и за сите работници во Македонија.

,,Сметам дека тоа е обид да се дефокусира вниманието на граѓаните и на јавноста од навистина големите скандали коишто се случуваат веќе на почетокот на работата на владата – би рекол една ужасна неспособност од страна на Мицкоски да се справи со сите предизвици. Ако Владата на СДСМ можеше да најде пари во наголемите кризи во Ковид кризата, енергетската криза за време на почекот и во време на војната во Украина навистина сметам дека приказни за мали деца или изговор е да се каже дека во буџетот нема пари”-истакна претседателот на СДСМ, Филипче.

Тој истакна дека владата на СДСМ работеше во интерес на работниците.

,,За време на нашето владеење од 7 години ние покажавме вистински што значи да се мисли на работниците, да во континуитет се зголемува нивниот стандард и квалитет на живеење, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот кажува дека не само што нема да го. зголеми квалитетот на животот туку напротив ќе го намалува со тоа што не може да најде пари за зголемување на платите коешто сите го очекуваат” изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра

Топол викенд имаме во Македонија, температурите надминаа 20 степени

Три лица организирано краделе кабли од „Железара“ и направиле штета од над 440 илјади евра