Утрински Весник
Свет

Прогласена епидемија на сипаници во Подгорица и Будва

Mali Sipanici.jpg

Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19.

Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии…)

Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот